Кримјаните отфрлаат енергетски договор со формулација „Крим е во Украина“

Според резултатите на истражувањето што го спроведе Рускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) 93,2% од граѓаните не го прифаќа договорот за испорака на електрична енергија од Украина во кој на предлог на Киев би била внесена формулацијата дека Крим ѝ припаѓа на Украина.

Рускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ) ги објави резултатите од анкетата според кои жителите на Крим се против склучување договор за испорака на електрична енергија од Украина доколку во текстот, како што предлага Киев, би била внесена формулација дека Крим ѝ припаѓа на Украина.

 „Севкупно земено, добиените податоци изгледаат вака: 6,18% од анкетираните го прифаќа договорот во украинска верзија, а 93,2% не прифаќа таков договор“, изјави генералниот директор на ВЦИОМ Валериј Фјодоров.

Освен тоа Кримјаните се подготвени да истрпат и три до четири месеци доколку енергетскиот договор со Украина не биде склучен.

94% од населението на Крим е подготвено за таквите потешкотии, а само 5,4%  од нив дале негативен одговор. Анкетата во Република Крим опфати 2525 лица, во Севастопол  500.

Претседателот на РФ Владимир Путин вчера наложи да се спроведе истражување на јавното мислење на Крим и во Севастопол, пренесува телевизија „Рен“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња