Русија ја разгледува можноста за испорака на авионите МС-21 во Индонезија и сака по тој повод да воспостави економска соработка со таа земја, изјави министерот за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров, пренесува РИА „Новости“.
„Ќе ги разгледаме не само можните испораки на авионот МС-21 на локалниот пазар, туку би сакале да најдеме партнер за индустриска соработка кој би произведувал некои делови за МС-21 во Индонезија. Тоа ќе претставува дополнителна мотивација за индонезиската страна за продажба на руските авиони, а ние ќе добиеме алтернативни добавувачи на деловите чие купување во моментов го планираме од западните компании“, објасни министерот.
Мантуров нагласува дека големината на пазарот за МС-21 во Индонезија ќе зависи од тоа дали двете земји ќе станат индустриски партнери во овој проект, затоа што дури тогаш може да се зборува за поголем број на авиони, затоа што локалната индустрија ќе земе учество во проектот. Се очекува соработка со фирмата „Дригантара“, а ако се зборува во бројки, станува збор за некаде околу 20-100 единици за период од 10 години, нагласи министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче