Претседателот на Русија Владимир Путин разговараше телефонски со премиерот на Италија Матео Ренци во врска со односите меѓу Иран и Саудиска Арабија во светлината на последните настани, соопшти во петокот прес-службата на Кремљ.
„При размената на мислења за актуелните теми од меѓународната агенда, основното внимание беше посветено на перспективите за регулирање на конфликтот во Сирија, како и на настанатата ситуација во односите меѓу Иран и Саудиска Арабија.
Во тој контекст е истакната важноста на тесната координација на напорите за борба со меѓународниот тероризам“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче