МНР Русија ги соопшти главните успеси и неуспеси во 2015 година

Специјалниот претставник на МНР РФ за човекови права, демократија и владеење на правото Константин Долгов ги сумираше резултатите од 2015 година и ги наведе главните успеси и неуспеси во светската политика.

Специјалниот претставник на МНР РФ за човекови права, демократија и владеење на правото Константин Долгов во програмата на „Рускаја служба новостеј“ ги сумираше резултатите од 2015 година и ги наведе главните успеси и неуспеси во светската политика, пренесува „Лента.ру“.

Според мислењето на дипломатот, главно достигнување на Русија изминатата година е антитерористичката операција во Сирија.  

„Тоа се реалните удари врз борците на ИДИЛ, „Џебхат ан-Нусра“ и другите терористички групации, реалното лидерство на Русија во сферата на борбата со тероризмот“, изјави Долгов.

Тој исто така изрази надеж дека во 2016 година борбата со тероризмот ќе стане поефикасна и ќе доведе до формирање широка антитерористичка коалиција.

Зборувајќи за неуспесите во изминатата година, претставникот на МНР РФ ги наведе „двојните стандарди кои продолжуваат во областа на човековите права и владеењето на законот“ од страна на „САД, Европската унија и другите западни земји“. Како пример тој ја наведе ситуацијата во Украина.

„2015 година започна со поворки со факели на бандеровците, Десниот сектор, другите национал-радикали и неонацистите во Киев и низа други градови во Украина и завршува со исти такви поворки со факели во низа украински градови. Тоа е видлива стагнација и, за жал, никакво сериозно влијание врз украинските власти од страна на Западот, меѓународните и организациите за заштита на правата, кои многу силно го слушаат мислењето на Западот, немаше и нема, а тие би можеле далеку поактивно да работат во украинска насока“, објасни дипломатот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња