Москва и Вашингтон загрижени поради дејствијата на Северна Кореја

Русија и Вашингтон ги сметаат дејствата на Пјонгјанг за директно прекршување на соодветните резолуции на Советот за безбедност на ООН.

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Игор Моргулов и специјалниот претставник на САД за политика спрема Северна Кореја Сон Ким во телефонскиот разговор во средата, 6 јануари, изразија загриженост поради соопштенијата на Северна Кореја за тестирање на водородна бомба.

„Реализирана е продлабочена размена на мислења за перспективите за регулирање на нуклеарниот проблем на Корејскиот полуостров во светлина на соопштенијата на Северна Кореја за тестирање водородна бомба. Изразена е загриженост поради дејствијата на Пјонгјанг кои претставуваат директно прекршување на соодветните резолуции на Советот за безбедност на ООН“, се вели во соопштението.

Како што се истакнува, од руска страна е потенцирана безалтернативноста на политичко-дипломатското решение за постојните проблеми на полуостровот во рамките на шестстраниот преговарачки процес, како и неопходноста од избегнување чекори кои можат да доведат до пораст на потенцијалот за конфликт во регионот, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња