Москва изрази негодување поради неоснованите обвинување упатени кон Русија од страна на Анкара во врска со запирањето на летовите на две турски компании, се наведува во коментарот на портпаролот на МНР РФ Марија Захарова.
„Би сакала да му советувам на турскиот министер брзоплето да не се приклучува на антируската пропагандна кампања, туку да ја објасни реалната ситуација во врска со споменатите турски авио-превозници”, се наведува во соопштението на сајтот на МНР РФ.
„Всушност запирањето на нивните летови за Русија до 13 и 14 јануари е предизвикано единствено поради тоа што раководството на овие компании, и покрај тоа што МНР Русија на време ја објави информацијата за воведување на визен режим со Турција од 1 јануари, не набави на време визи за членовите на своите екипажи. Авиокомпанијата „Пегасус“ поднесе барање за визи и документи во нашиот конзулат во Истанбул дури во попладневните часови на 6 јануари. „Онур Ер“ сѐ уште се нема обратено за визи“, се наведува во соопштението.
„Интересно е што „Турскиш Ерлајнс“, компанија која на време се занимаваше со овој проблем, доби во рокот повеќекратни годишни визи за 380 пилоти и технички персонал и дека ги реализира летовите според планот. Така што сме далеку од апсолутно неприфатливата политизација на оваа тема и се надеваме дека другите турски авиокомпании ќе го следат примерот на „Туркиш Ерлајнс“, се наведува во соопштението.
Претходно во средата министерот за сообраќај на Турција Бинали Јилдирим изјави дека тоа што авиокомпаниите не добија визи за Русија претставува кршење на меѓународното воздухопловно право. пренесува „Взгљад”.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче