Според податоците на Министерството за земјоделство на САД, во Русија домашното производство пораснало за 26%, што овозможило да се намали увозот за речиси 80%. Ваквиот пробив доведе до пад на цените на свинското месо во земји почнувајќи од САД, па сѐ до Германија, соопштува „Блумберг“.
Причина за ваквиот подем експертите гледаат во силната поддршка за земјоделството од страна на руските власти, особено по воведувањето на ембаргото за испорака на некои продукти од САД и земјите на ЕУ.
Според прогнозите на Министерството за земјоделство на САД, во 2016 година растот на производството на свинско месо во РФ ќе изнесува 5,7%, пренесува „РТ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче