Русија ги означи своите приоритети на меѓународната сцена

Една од клучните насоки на надворешната политика во новата стратегија за национална безбедност е развојот на односите со ЗНД, ЕАЕС, Кина, Латинска Америка и други држави.

Русија ги означи своите приоритети на меѓународната сцена. Во новата стратегија за национална безбедност е наведена соработката со БРИКС, ШОС, АТЕС и Г-20, на постсоветските простори, како и со Кина и Индија, пренесува РИА „Новости“.

Една од клучните насоки на надворешната политика ќе биде развојот на односите со земјите од ЗНД, Абхазија и Јужна Осетија, ЕАЕС и ОДКБ. На пример, Русија се залага за трансформација на Организацијата на договорот за колективна безбедност во „универзална меѓународна организација, способна да се спротивстави на регионални предизвици и закани од воено-политички и воено-стратешки карактер (вклучувајќи го и меѓународниот тероризам... трговијата со дрога... илегалната миграција)“.  

Русија ќе развива сеопфатно партнерство и стратешка соработка со Кина, сметајќи го тоа како клучен фактор за одржување на стабилноста во регионот и светот, и привилегирано стратешко партнерство со Индија. Русија исто така ќе се залага за создавање сигурни вонблоковски механизми за регионална стабилност во Азиско-Тихоокеанскиот регион.

Освен тоа, Русија ќе ја развива соработката со земјите од Латинска Америка и Африка. Понатаму, во стратегијата се дава и приоритет на односите со Европа и САД, како и со НАТО.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.