Стејт департментот на САД во понеделникот, 28 декември, не сакаше да ги коментира пишувањата на агенцијата „Ројтерс“ за тоа дека воената операција на ВКС РФ во Сирија е успешна, пренесува РИА „Новости“.
Во текот на редовниот брифинг портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер изјави:
„Секогаш сум претпазлив во потврдувањето или оспорувањето на анонимни или неименувани извори од владата на САД. Не знам кои се тие луѓе и какви се нивните оценки“, изјави портпаролот. Истовремено тој го повтори ставот на Вашингтон дека „Русија со своите постапки самата се става во многу ризична положба во смисла на поддршка за владата која го задушува сопствениот народ“.
Портпаролот на Стејт департментот изрази надеж за конструктивна соработка со Русија за реализација на политичкиот процес во Сирија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче