„Системот стана попродуктивен. Тој сега има во транспортно-лансерни контејнери не четири, туку шест ракети. Освен тоа ракетите се покомпактни, но и покрај тоа, летаат подалеку, побрзо и попрецизно“, изјави Леонов.
Конструирана е нова единствена ракета која ќе овозможи уништување на воени цели со голем степен на веројатност. Освен тоа, зголемен е и бројот на канали од четири на шест, што за 150% ги зголемува перформансите на огнот, рече Леонов.
Тој исто така зборуваше и за конструирањето на ракетни системи кои имаат заштита од најновите станици за попречување.
Се смета дека дострелот на противавионскиот ракетен систем „Бук-М3“ ќе достигнува 70 километри, што е за 25 километри повеќе од претходниот, а според низа параметри иновативноста го надминува системот со далечен дострел, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.