Путин: Најзначаен настан во 2015 година е 70-годишнината од Победата

Годината што заминува беше преполна со настани, сепак најважен беше 70-годишнината од Великата Победа, смета рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателот на Русија Владимир Путин, говорејќи на новогодишниот прием во Кремљ, истакна дека е „извонредно што имено зиме одбележуваме толку топол празник“. Според неговите зборови, најважен настан во годината што изминува бил 70-годишнината од Великата Победа, пренесува РИА „Новости“.  

„Ние изведуваме заклучоци од она што измина, правиме планови што да правиме за идната година. Изминатава година имаше многу настани, но најзначаен беше 70-годишнината од Великата Победа“, рече Путин.

Тој потенцираше дека одбележувањето на тој датум било „со чест пред татковците и дедовците чија судбина инспирираше“.

Претседателот на Русија ја истакна „силата на сплотеноста на народот, стремежот да се дејства заедно и подготвеноста при секакви искушенија да се бранат основните вредности“. Тој ја потенцираше и подготвеноста на луѓето да го дадат својот влог во развојот на Русија. И тој стремеж го поддржуваат сите делови на власта, затоа што „сите работиме за општо добро и се стремиме да ѝ донесеме полза на Русија“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.