Со крената глава на Црвениот плоштад

На 9 мај се одбележува крајот на Втората светска војна, која во Русија е позната како Голема татковинска војна, со што се стави крај на фашистичката окупација. Првата парада со која беше прославена победата беше одржана на Црвениот плоштад на 24 јуни 1945 година. Иако во 1965 и 1985 година се одбележуваше јубилеј, во овие две години во Советскиот Сојуз не беше одржана воена парада. Традицијата се врати на голема врата во 1995 година.

Околу 16.000 војници, меѓу кои имаше војници облечени во униформи од историјата, како и дувачки оркестар, 194 воени возила и 150 авиони и хеликоптери, зедоа учество на Парадата на победата во Москва оваа година. Легендарниот Т-34 и ловецот СУ-100 се појавија на Црвениот плоштад рамо до рамо со своите современици. Меѓу другите беше прикажан и балистичкиот систем Јарс, како и новата генерација на Армата со далечинско управување.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња