„Ќе разговараме за организациите кои ги сметаме за терористички и за тоа на кој начин можеме да очекуваме Русија да ги прошири своите дејствија против „Исламската држава“ која ја сметаме за заеднички непријател“, изјави францускиот министер.
Според информациите на агенцијата „Франс-Прес“, шефовите на министерствата за одбрана на Франција и Рудија ќе дискутираат на состанокот денеска за условите за можна размена на разузнавачки податоци за ИД, и особено за сознанијата за француските и руските граѓани во редовите на џихадистите.
На состанокот исто така ќе стане збор за „отстранување на конфликтни ситуации“, што подразбира размена на информации за да се избегнат судири меѓу руски и француски авиони во воздушниот простор на Сирија, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.