Путин: Потезите на Киев во врска со „Минската спогодба“ се манипулација

Ние никогаш не сме зборувале дека таму (во Донбас) нема наши луѓе кои се занимаваат со решавање на одделни прашања, вклучувајќи ги и прашањата во воената сфера, но тоа не значи дека таму има редовна руска војска, објасни Путин.

Потезите на Киев во врска со реализацијата на „Минската спогодба“, според претседателот на РФ Владимир Путин, се манипулација.

„Ние сме заинтересирани овој конфликт (во Донбас) да се реши што побрзо, само не по пат на физичка ликвидација на луѓето на југоистокот на Украина“, изјави Путин на годинешната прес-конференција.

„Ние никогаш не сме зборувале дека таму (во Донбас) нема наши луѓе кои се занимаваат со решавање на одделни прашања, вклучувајќи ги и прашањата во воената сфера, но тоа не значи дека таму има редовна руска војска. Обрнете внимание на оваа разлика“, додаде Путин.

Путин зборуваше и за економските односи меѓу Русија и Украина во врска со стапувањето на сила на економскиот дел од спогодбата меѓу ЕУ и Украина.

„Ние не планираме да воведуваме никакви санкции против Украина. Украина едноставно повеќе нема да има повластици ни поповолни услови од останатите“, истакна рускиот претседател. Притоа тој изјави дека очекува следната година да дојде до влошување на економските односи со Украина во врска со економската спогодба ЕУ-Украина.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.