Путин: „Јужен тек“ беше смислен за да ѝ помогне на Бугарија

Проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“ го смисливме за да ја поддржиме Бугарија, но штом тие не сакаат – не мора“, изјави Путин на годишната прес-конференција.

Проектот „Јужен тек“ беше направен за да ѝ се помогне на Бугарија, но властите на таа земја тоа не го сакаа, изјави претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува РИА „Новости“.

„Ме чуди позицијата на бугарското раководство, кое поради нејасни причини ги занемари своите национални интереси. Таму требаше да бидат вложени три милијарди во самиот проект за изградба: тоа се работни места, тоа се плати, тоа се приходи на сите буџетски ниво... Не, така не треба. Ние го смисливме тој проект за да ја поддржиме Бугарија, но штом тие не сакаат – не мора“, рече Путин.  

Во декември 2014 година Путин изјави дека Русија не може да ја продолжи реализацијата на „Јужен тек“, вклучително и поради неконструктивната позиција на Европската унија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.