Руските безбедносни служби заедно со органите на редот годинава ликвидирале околу четириесетина лидери на терористичкото подземје во РФ со што организациската структура на терористите е парализирана. Ситуацијата со спречувањето на тероризмот во Русија се нормализира, но сѐ уште останува сложена – ова се главните точки од говорот на претседателот на Националниот антитерористички комитет, директор на Федералната служба за безбедност на РФ Александар Бортников на заедничкиот состанок на НАК и Федералниот оперативен штаб.
„Органите на редот спречија околу 30 терористички напади, уапсени се над 770 бандити и нивни соучесници. Запленето е големо количество оружје и други убојни средства“, изјави Бортников, пренесува РИА „Новости“.
Покрај тоа, службите за безбедност оваа година ликвидирале 156 терористи и 36 водачи на банди. Меѓу елиминираните се и водачот на групата „Имарат Кавказ“. Од 26 бандитски групи кои се заколнаа да ѝ служат на „Исламската држава“, неутрализирани се 20, додаде Бортников.
Тој истакна дека во услови на заострена ситуација во светот е важно, пред сѐ, да продолжи борбата со подземјето на Северен Кавказ, особено во Дагестан, да се обезбеди сигурноста на граѓаните на РФ во странство и активно да се вршат превентивна активности против тероризмот и екстремизмот меѓу населението.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче