Рускиот Генералштаб предупредува на опасноста од нови конфликти

Постои опасност од ескалација на тековните и појава на нови конфликти поради цела низа причини, изјави началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов на брифингот за странските воени аташеа.

Постои опасност од ескалација на тековните и појава на нови конфликти поради цела низа причини, вклучувајќи ги и застарените противречности меѓу земјите, изјави началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов на брифингот за странските воени аташеа, пренесува ТАСС.

Според неговите зборови, во моментов во светот се зголемуваат проблемите на глобалната и регионалната безбедност, пред сѐ, поради ширењето на обемот на меѓународниот тероризам и екстремизам. Покрај тоа, началникот на Генералштабот потсети и на непријателската политика на НАТО, проблемите на незаконското распоредување на оружје за масовно уништување, сепаратизмот и редица други.

„Збирот од наведените причини, како и постоењето на застарените противречности меѓу државите, создаваат опасност од појава на нови и ескалација на веќе постојните конфликти и  за жал, со годините нивниот број не се намалува, туку само расте“, изјави Герасимов.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња