Началникот на одделот за програми со човечки екипаж на институтот на „Роскосмос“ ФГУП ЦНИИМАШ Олег Саприкин смета дека за работа на површината на Месечината може да се користат роботи-аватари кои ќе бидат управувани од човек од Земјата или од вселената, пренесува РИА „Новости“.
Според концептот, механичкиот робот-аватар се управува преку егзоскелет со повратна кинематичка врска и кој во целост го имитира човечкото тело. Облечен во егзоскелет, човекот „фактички како да се претопува во телото на тој аватар“, објасни Саприкин во текот на прес-конференцијата посветена на вселенска експедиција на Марс.
„Користејќи таков робот е можно, дури би рекол и не виртуелно, ами практични реално, да се патува во Сончевиот систем. Пред сѐ, на Месечината е интересно да се искористи, затоа што... Што е тоа управување со тој робот на Месечината? Фактички при таквите задршки кои сега ги има на Месечината – тоа е околу 4 секунди – може да се искористи режимот на копирање. Во режим на реално време човек ќе работи со тој робот“, истакна научникот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.