Руските научници ќе испратат робот-андроид на Меѓународната вселенска станица

Руските научници во најскоро време планираат да испратат робот-андроид на Меѓународната вселенска станица, соопшти началникот на Центарот за обука на космонаути „Гагарин“ Јуриј Лончаков.

Руските научници во најскоро време планираат да испратат робот-андроид на Меѓународната вселенска станица, соопшти началникот на Центарот за обука на космонаути „Гагарин“ Јуриј Лончаков.

„Ние реализираме голема програма во сферата на роботиката. Тоа е еден од најважните правци на работата во научноистражувачката лабораторија што ја основавме заедно со Информатичкиот центар на Руската академија на науките“, изјави Лончаков, а пренесува РИА „Новости“.

Според зборовите на Лончаков, роботите во вселената можат да вршат најсложени и најопасни операции.

„На Меѓународната вселенска станица одлично се покажа канадскиот робот. Меѓутоа,  машината никогаш нема целосно да го замени човекот. Таа има особина да се расипува. А човекот може дури и да ги надмине своите можности за да реализира и редовни, и вонредни операции. Но, здружените способности на робот и човек можат да дадат едноставно фантастични резултати“, заклучи шефот на Центарот за обука на космонаути.

Прототипот на рускиот андроид „SAR-401“ беше претставен во ноември 2013 година во Ѕвездениот град. Се смета дека во иднина ќе може да врши работи да Меѓународната вселенска станица во отворена вселена. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња