Русија треба да ја поддржи Украина како „добар другар“ и да ѝ отпише 20 проценти од долгот, изјави во интервју за радиото „Вести-FM“ постојаниот претставник на ЕУ во РФ Вигаудас Ушацкас, пренесува „Лента.ру“.
„Се надеваме и апелираме дека... Русија ќе покаже исто таква добра волја и ќе го поддржи нашиот заеднички сосед за чиј просперитет, мислам, треба да бидеме заинтересирани и двете страни – како Русија, така и Европската унија“, изјави дипломатот.
Ушацкас истакна дека долговите треба да се платат, но додаде дека „добрите другари“ треба „понекогаш да ги отпишуваат“. „Лично мислам дека тоа исто така би било покажување добра волја од страна на Русија – да се оди по патот што го покажаа Европската унија и САД преку Меѓународниот монетарен фонд“, додаде тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче