Путин: Ќе ја тужиме Украина

Рокот за сервисирање на украинскиот долг од три милијарди долари истекува во декември оваа година.

Претседателот на Русија ѝ наложи на руската влада да ја тужи Украина доколку таа земја не го врати долгот спрема Русија во износ од 3 милијарди долари.

„За четири години можеше на некој начин да се потрудиме да ги поделиме тие ризици. Дури и не можам да сфатам. Па добро, во ред, тужете тогаш“, рече Путин на средбата со членовите на владата откако министерот за финансии на РФ Антон Силуанов реферираше за ситуацијата со украинскиот долг, пишува „Взгљад“.

„Кога веќе се сигурни дека платежната способност на Украина ќе биде таква што идната година ќе бидат во состојба да ги платат сите три милијарди. Веројатно, да се одолжи тоа плаќање на четири години... тоа е помек предлог. Како што се сеќавате, ние баравме или САД или Европа, или некоја меѓународна банка од прва класа да ги сподели со нас тие ризици. Подготвени сме да ја поддржиме Украина во таа ситуација“, додаде Путин.

Министерот за финансии Силуанов изјави дека Европејците неофицијално соопштиле дека нема да ѝ дадат гаранции на Украина за реструктуризација на долгот спрема Русија од 3 милијарди долари, но официјален одговор немало.

Претходно Силуанов изјави дека никој од меѓународните партнери не се согласил да даде гаранции за украинскиот долг спрема Русија.  

ММФ во вторникот донесе одлука според која може да кредитира држави кои имаат неисплатени доспеани долгови спрема кредиторите.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња