Давутоглу ја обвини Русија за етничко чистење во Сирија

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека Русија врши етничко чистење во сириската провинција Латакија.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека Русија врши етничко чистење во сириската провинција Латакија. Според неговото мислење што го цитира „Ројтерс“, војниците на ВКС РФ ги протеруваат Туркмените и другите сунити од живеалиштата за да создадат безбедна зона за руските и сириските воени бази во Сирија, пренесува „Лента.ру“.

„Тие сакаат да ги протераат, сакаат да го исчистат тој реон за режимот и руските бази во Латакија и Тартус бидат заштитени“, изјави Давутоглу во средата, 9 декември, во разговор со странски новинари во Истанбул.

Анкара повеќепати ја обвини Москва дека руската авијација нанесува удари врз областите во кои живеат сириските Туркмени. Нивната заштита, на пример, претставуваше причина поради која беше соборен рускиот Су-24. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња