Порошенко го обвини Путин дека сака да го насели Крим со жители на Сибир

Петро Порошенко изјави дека има намера да стори сѐ што е можно за да го врати Крим во составот на Украина.

Претседателот на Украина Петро Порошенко смета дека рускиот лидер Владимир Путин има намера да го насели Крим со доселеници од Сибир, се наведува на сајтот на администрацијата на украинскиот претседател.

„За Путин Крим е територија која треба да биде населена со доселеници од Сибир кои сега итно се префрлаат на полуостровот, или треба да биде претворена во голема воена база“, се наведува во соопштението на Порошенко што го пренесува „Взгљад”.

Петро Порошенко изјави дека ќе направи сѐ што е можно за да го врати Крим во составот на Украина.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња