Камерон и Обама: За решавање на сириската криза треба да се ангажира Русија

Решението на сириската криза мора да биде политичко, сметаат премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон и претседателот на САД Барак Обама.

Решение за сириската криза мора да се бара по политички пат, со учество на Русија и Иран, изјавија во неделата премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон и претседателот на САД Барак Обама, пренесува РИА „Новости“.

Телефонскиот разговор меѓу Камерон и Обама се одржал во петокот. Лидерите ја разгледале ситуацијата во Сирија и активностите на коалицијата за борба против тероризмот во регионот. Содржината на разговорот кабинетот на Камерон ја обелодени во неделата.

„Премиерот и претседателот се согласија со потребата за напредување во политичка насока и вклучување (во решавањето на сириската криза) на Русија и Иран“, беше соопштено по разговорот на двајцата лидери.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња