ОБСЕ ја усвои руската декларација за борба против тероризмот

Шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ОБСЕ ја усвоија завршната декларација за спротивставување на тероризмот, изјави постојаниот претставник на Русија во ОБСЕ Александар Лукашевич.

„Усвоивме неколку многу важни документи кои пред нашата организација поставуваат конкретни задачи. Меѓу нив е јасната и содржајна декларација против тероризмот предложена од РФ“, ги цитира зборовите на Лукашевич РИА „Новости“.

Тој нагласи дека на состанокот е воден многу важен разговор кој ја потврдил „потребата да се стави настрана сѐ што не се однесува на борбата против тероризмот“.

Се очекуваше декларацијата за борба против тероризмот да биде главен меѓу усвоените документи на дводневното заседание на Советот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ОБСЕ што се одржа во Белград.

Ивица Дачиќ, претседавачот со ОБСЕ, потврди дека земјите-членки на оваа организација му посветиле особено внимание на проблемот со борбата против тероризмот.

„Акцентот беше врз проблемот во борбата против тероризмот во сите негови форми и манифестации, вклучувајќи ја и појавата на странски екстремисти и терористи. Тоа исто така се однесува на давањето отпор на радикализацијата и насилниот екстремизам кои можат да доведат до тероризам“, изјави Дачиќ.   

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња