Турција засега не воведува визи за Русите

Турција во моментов нема намера да воведува визен режим за Русите како повратна мерка за постапките на Москва.

Турција во моментов нема намера да воведува визен режим за Русите како повратна мерка за постапките на Москва, изјавија за „Интерфакс“ од амбасадата на Турција во Москва.

„Турција го смета рускиот народ за пријателски и сака продолжување на добрите односи. Турција нема намера да носи одлуки кои негативно ќе влијаат врз рускиот народ. Во врска со тоа во моментов на агендата не се наоѓа прашањето за воведување визен режим“, одговорија од турската амбасада во Москва на прашањето дали Анкара ќе воведува визи за Русите по аналогија на одлуката на Москва.

„Турција, без оглед на сѐ, ќе продолжи да се однесува спрема руските државјани во Турција според своите традиции за гостопримство и човечка почит“, истакнуваат од дипломатското претставништво. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.