Милер: Преговорите за „Турски тек“ се стопирани

Ако на Анкара ѝ е потребен „Турски тек“, може да бара преговори со Москва, изјави претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер,со што фактички потврди дека преговорите се стопирани.

На прашањето дали тоа значи дека преговорите ќе бидат продолжени доколку Турција го побара тоа од Москва, претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер изјави: „Ако Турција смета дека ѝ е потребен тој проект, може да ни се обрати“, пренесува РИА „Новости“.

Претходно медиумите пренесоа дека разговорите за изградба на гасоводот „Турски тек“ се запрени поради престанокот на работата на меѓувладината комисија Русија-Турција.

Меѓутоа, рускиот министер за економски развој Алексеј Уљукаев исто така изјави дека руската влада не ги замрзнала проектот „Турски тек“ и АЕЦ „Акују“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.