Медиуми: Русија ги стопира преговорите за „Турски тек“

Во врска со запирањето на работата на меѓувладината комисија Русија-Турција, и дискусиите за проектот „Турски тек“ запираат, соопштува извор запознат со ситуацијата.

Извор за РИА „Новости“ во руската влада, коментирајќи ги информациите за запирање на проектот „Турски тек“, изјави дека „сите мерки се пропишани во указот на претседателот и уредбата на Владата“, пренесува „Взгљад“.

Портпаролот на „Гаспром“ не сакаше да го коментира ова прашање.

Претходно „Ројтерс“ повикувајќи се на извор во „Гаспром“  соопшти дека Русија може да ја запре изградбата на гасоводот „Турски тек“ од РФ во Турција преку Црното море во рамките на економските ограничувања против Турција како одговор на соборувањето на рускиот бомбардер Су-24.  

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев ја потпиша уредбата за примена на специјални економски мерки против Турција. Во уредбата ништо не се кажува за „Турски тек“, меѓутоа документот содржи точка за запирање на работата на мешаната меѓувладина руско-турска комисија за трговско-економска соработка.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња