Турски подморници го следат крстосувачот „Москва“ покрај брегот на Сирија

Во близина на ракетниот крстосувач „Москва“покрај брегот на Сирија се наоѓаат најмалку две подморници на турската морнарица.

Во близина на ракетниот крстосувач „Москва“ кој ја покрива руската авиобаза во Латакија, се наоѓаат најмалку две подморници на турската морнарица, соопштува „Интерфакс“ повикувајќи се на турски медиуми.  

Се истакнува дека во моментов во патрола во источниот брег на Средоземното море се наоѓаат две подморници „Долунај“ и „Буракреис“. Подморницата „Долунај“ излезе во патрола во регионот на 11 ноември, а „Буракреис“ на 7 ноември.

Како што претходно соопшти Генералштабот на ВС РФ, ракетниот крстосувач „Москва“ е опремен со системот за ПВО „Форт“, сличен на системот С-300. На 25 ноември бродот зазеде позиција во крајбрежниот дел на сириската провинција Латакија и пристапи кон борбено дежурство за осигурување на безбедноста на авиобазата Хмејмим.

Во авиобазата Хмејмим исто така е распореден и ракетниот систем С-400, кој ја обезбедува соодветната безбедност на авио-групата на ВКС Русија, напоменува агенцијата.

„Предупредуваме дека сите цели кои претставуваат за нас потенцијална опасност ќе бидат уништени“, изјави началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на Русија генерал-потполковник Сергеј Рудској.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.