МНР Турција им препорача на своите граѓани да се воздржат од патувања во Русија што не се итни до разрешување на кризата во руско-турските односи, соопштува РИА „Новости“.
„Во врска со ситуацијата во односите меѓу Русија и Турција од 24 ноември кај нашите граѓани кои патуваат во РФ или живеат таму, се забележуваат извесни проблеми. До разрешување на оваа ситуација корисно е нашите граѓани да ги одложат своите патувања во Русија кои не се поради итни причини“, се вели во соопштението на турскиот дипломатски ресор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.