Руската воена авијација за пет дена уништила во Сирија над илјада цистерни кои носеле сирова нафта за фабриките на „Исламската држава“, соопшти во понеделникот портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков, пренесува РИА „Новости“.
„Во последните пет дена руските авиони уништија над илјада цистерни кои вршеа превоз на сирова нафта за фабриките контролирани од терористичката група ИД“, рече Конашенков.
На пример, во околината на градот Рака („главниот град на ИД“) во текот на воздушното извидување биле откриени две колони со возила кои пренесувале нафта. При воздушните напади на руските авиони Су-34 биле уништени околу 80 возила, како и нафтена рафинерија оддалечена педесетина километри јужно од Рака.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче