Велика Британија и нејзините сојузници спроведуваат поморска операција за пронаоѓање на наводна руска подморница покрај бреговите на Шкотска, соопштува весникот „Телеграф“, а пренесува РИА „Новости“.
Според информациите на изданието, руската подморница била забележана во таа област пред околу 10 дена.
Се истакнува дека на британската флота на помош ѝ се приклучиле канадски и француски воени противподморнички авиони.
Се смета дека задачата на руската подморница може да биде шпионирање на нуклеарниот комплекс „Тридент“ во чиј состав спаѓаат четири британски атомски подморници.
Министерството за одбрана на Велика Британија ја потврди операцијата, меѓутоа одби да прецизира за што точно станува збор.
„Потврдуваме дека сојузничките поморски патролни авиони, кои времено се базирани во базата на Кралските воздухопловни сили Лосимут, во текот на определен период реализираат заеднички активности со Кралската воена флота. Ние не дискутираме за деталите за поморските операции“, изјавија од британското министерство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче