Нова фрегата опремена со системи за намалена видливост се тестира во Русија, изјави помошникот на командантот на руската Воена морнарица за воено-научна работа, капетан 1 класа Андреј Суров, пренесува „РЕН-ТВ”.
„Фрегатата што се тестира кај нас сега е бродот „Адмирал на флота на Советскиот Сојуз Горшков“. Тоа е главен брод, фундаментално нов во однос на она што се произведуваше порано. Позајмени се многу нешта од корветата, тие имаат нешто слично, имаат „стелт” технологија“, рече Суров.
„На него се максимално отстранети сите изложени површини, максимално се закриени антените“, додаде рускиот капетан.
Се очекува во иднина да биде произведена серија вакви бродови. „Адмирал на флота на Советскиот Сојуз Горшков“ од Проектот 22350 е фрегата со наведувани ракети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче