Портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков изјави дека Русија смета дека ниедна не верзиите за падот на А321 не може да биде отфрлена и дека не знае колку долго ќе трае истрагата за причините за катастрофата, пренесува ТАСС.
„Не ми е познато тоа (за наводна главна верзија на падот). Ајде да бидеме конзистентни и да го почекаме извештајот од истрагата. Поаѓаме од тоа дека ниту една од верзиите како и претходно не се отфрла“, потенцираше тој и додаде дека Кремљ не ја води истрагата за да може да каже дали истрагата ќе заврши до крајот на годинава.
Претходно ТАСС соопшти дека претседателот на Русија Владимир Путин изјави на средбата со премиерот на Италија Матео Ренци во Анталија дека испитувањето на материјалите за падот на рускиот авион А321 во Еипет се наоѓа во завршна фаза.
„Се наоѓаме во завршна фаза на испитување на материјалите“, изјави рускиот лидер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче