Сириската војска со помош од руската авијација уништила седум групи милитанти кои боеле до 900 луѓе, соопшти портпаролот на Министерството за одбрана на РФ генерал-мајор Игор Конашенков, а пренесува „Взгљад”.
Според неговите зборови, во сириската провинција Алепо локалното население активно ги поддржува сириските владини сили.
Како што рече тој, изминативе неколку дена се извршени дополнителни истражувања и проверки на информациите добиени од сириската опозиција кои се однесуваат на целите за напад.
„Успеавме да спречиме префрлање на оружје и муниција за терористите во близина на Алепо и Идлиб. Тоа им овозможи на сириските владини сили во близина на селата Азизија, Кафер Хадад и Тел Мамо да уништат седум терористички формации кои броеја и до 900 милитанти. Откако ја изгубија борбената способност, остатоците од вооружените банди ги напуштија овие области“, истакна Конашенков, кој додаде дека руската авијација со прецизни удари во текот на последните два дена ги осуетила плановите на терористите за напад врз градот Хама.
Претходно заменик-министерот за надворешни работи на РФ Алексеј Мешков изјави дека преку еден милион Сиријци се вратиле дома од почетокот на воената операција која Русија ја спроведува од 30 септември. Информацијата е добиена од Обединетите нации, рече Мешков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче