РАН: Русија годишно губи територија со големина на Андора

Поради топењето на вечниот лед во крајбрежниот појас на северните мориња, Русија годишно губи територија голема колку Андора.

Русија поради топењето на вечниот лед и одронувањето на бреговите во северните мориња годишно губи територија еднаква на малата европска држава Андора со површина од 468 километри квадратни, изјави в.д. директор на Институт за криосфера на земјата при Сибирското одделение на РАН, доктор на геолошко-минералошки науки Дмитриј Дроздов, пренесува „Взгљад”. 

„Поради топењето на вечниот лед во крајбрежниот појас на северните мориња годишно губиме територија слична на Андора. Брегот на југот, исто така, се рони, но на север се одронува многу побрзо. Како се случува тоа? Бранот удира во вечниот лед, пренесува топлина и тој почнува да се топи. На југ, доколку се уништи брегот, постои песок кој го штити брегот од понатамошна ерозија. А овде, со оглед дека има многу лед во земјата (80%), не останува ништо брегот удира во следниот дел на земјиштето“, објаснува Дроздов.

Како што рече тој, брзината со која се уништуваат бреговите варира на различни места од еден до два или неколку десетици метри. Тоа зависи од многу фактори, вклучувајќи ја природата на брегот, бурните услови на море и колку долго се задржува ледената покривка во морето.  

Тој додаде дека е бесмислено да се зајакне брегот на север како во јужните мориња, затоа што тоа нема да го запре топењето. Тоа ќе доведе до загадување на водата и до сериозно влошување на животната средина.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.