Асоцијацијaта на атлетски федерации ќе го разгледа прашањето за исклучување на Русија

Претходно Светската анти-допинг агенција препорача исфрлање на руските атлетичари од учество во сите натпреварувања.

Меѓународната асоцијација на атлетски федерации (IAAF) ќе го разгледа прашањето за времено или целосно исклучување од својот состав на Серуската атлетска федерација (ВФЛА), се вели во соопштението за јавноста на IAAF што го пренесува ТАСС.

Во понеделникот независната комисија на Светската анти-допинг агенција (WADA) објави извештај од истрагата за употребата на допинг од страна на руските атлетичари. WADA препорача IAAF да ги отстрани руските атлетичари од учество во сите натпреварувања – вклучително и од Олимпијадата во Бразил.  

„Информацијата што се содржи во извештајот на независната комисија на WADA предизвикува загриженост“, изјави претседателот на IAAF Себастијан Коу. „Нам ни треба време на соодветен начин да ги анализираме податоците во извештајот. Како и да е, јас итно повикав советот на IAAF да започне процес за разгледување на санкции против ВФЛА. Нашите спортисти, партнери и навивачи треба да бидат сигурни дека ние ќе ги исправиме грешките во управувањето со организацијата и нашите анти-допинг програми. Ќе сториме сѐ што е можно да ги заштитиме „чистите“ спортисти и да ја вратиме довербата во нашиот спорт. IAAF ќе да им нуди целосна соработка на органите кои се занимаваат со истрагата“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.