Министерот за енергетика и природни ресурси на Турција Али Риза Алабојун изјави дека рускиот гас преку двата крака на „Турски тек“ ќе почне да пристига во Турција и да се извезува преку неа во Европа во 2021 година место планираната 2019 година.
Според неговите зборови, „потребно е најпрвин да се поврзе гасоводот со внатрешниот турски гасен систем и да ѝ се дозволи на Анкара да се занимава со реекспорт на гасот“, пренесува „Взгљад”.
Компанијата „Гаспром” планираше по 2019 година да престане со трансфер на гасот преку Украина, и затоа гасоводите „Северен тек-2” и „Турски тек” беа најавени како можност за заобиколување на несигурниот партнер.
Турција повеќепати соопшти дека е подготвена да учествува во гасоводот „Турски тек“ само под услов да ѝ се одобри да го препродава рускиот гас на европскиот пазар. Русија, меѓутоа, е против реекспорт на гасот.
„Турција сака да биде препродавач на рускиот гас, што е апсолутно неприфатливо. Тоа од нас го бараше и Украина: да ѝ го продаваме на граница рускиот гас, а таа потоа да го испорачува во Европа. Тоа е во спротивност со европските принципи за трговија со гас. ЕУ се бори против посредници и препродавачи“, изјави директорот на Фондот за национална енергетска безбедност Константин Симонов.
Турција исто така бара посебен попуст на цената на рускиот гас од најмалку 10,25%. Поради тоа турските власти поднесоа тужба против „Гаспром“ до меѓународниот суд за арбитража во Стокхолм.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче