Турција го тужи „Гаспром“ за цената на рускиот гас

Тужбата на Турција против „Гаспром“ по повод цената на гасот руската компанија ја смета за „нормална пракса“ предвидена со договорот.

Тужбата на Турција во Арбитражниот суд против „Гаспром“ е нормална пракса, а руската компанија не отфрла и предсудско регулирање на спорот, соопшти за РИА „Новости“ портпаролот на „Гаспром“ Сергеј Купријанов.  

„Поднесување тужба за арбитража е една од варијантите предвидени со договорот. Тоа е нормално. Останува можноста како за предсудско регулирање на спорот, така и со арбитража“, ги коментираше Купријанов изјавите на властите на Турција за поднесувањето тужба до Арбитражниот суд во Стокхолм по повод цените за рускиот гас.  

Претходно агенцијата „Блумберг“, повикувајќи се на Министерството за енергетика на Турција, пренесе дека турската компанија „Ботас“ го известила „Гаспром“ за поднесувањето тужба поради цената на гасот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња