„Когалимавиа” објави своја верзија за падот на авионот А321

Единствена причина за падот на А321 можело да биде надворешно механичко влијание, соопшти генералниот директор на компанијата Александар Снаговски.

Генералниот директор на авиокомпанијата „Когалимавиа”, чиј авион се урна на 31 октомври во Египер, Александар Снаговски смета дека падот на авионот Ербас А31 е предизвикан од некакви надворешно влијание.

Според неговите зборови, авион како што е А321 не можел да се распадне во воздух поради некои технички дефекти. Единствена причина можело да биде надворешно механичко влијание, пренесува „Взгљад”.

Снаговски притоа истакна дека „Когалимавиа” ја исклучува можноста несреќата да била предизвикана од човечки или технички фактор. Тој исто така рече дека компанијата ќе стори сѐ што е во нејзина моќ за да ги добие реалните резултати од истрагата за причината за падот на авионот.

„Пред сѐ, раководството на компанијата, целиот нејзин персонал им изразува сочувство на семејствата на загинатите. Не постојат зборови кои можат да ги пренесат нашите чувства и болката, не можеме да најдеме. Авиокомпанијата прави сѐ за да им помогне на членовите на семејствата и да ги добие реалните резултатите од истрагата“, изјави Снаговски.

Во неделата, 1 ноември, авиокомпанијата „Когалимавиа” објави писмо во кое соопштија дека авионот го управувале искусни пилоти чии потези не можеле да ја предизвикаат несреќата. Исто така, компанија соопшти дека ќе им исплати отштета на семејствата на загинатите во износ кој дополнително ќе го утврди.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.