Распаѓањето на авионот А321 се случувало во воздух на голема височина за што е доказ природата на остатоците на местото на падот, изјави во програмата на каналот „Русија 24’ првиот човек на „Росавијација“Александар Нерадко.
„Нашите специјалисти кои учествуваат во истрагата, заедно со египетската комисија за истрага, првпат излегоа на местото на настанот. Местото на настанот претставува многу голема површина – над 20 квадратни километри, во целина зоната во која се расфрлани елементи од конструкцијата на авионот претставува издолжена елипса со должина од околу 8 километри и ширина од околу 4 километри. Сето тоа сведочи дека распаѓањето на конструкцијата на авионот се случувало во воздух на голема височина“, изјави тој.
Тој исто така изјави дека дешифрирањето на „црните кутии“ на паднатиот руски авион сѐ уште не почнало. „...Таа работа засега не е почната“, изјави Нерадко.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче