Објавена фотографија од патници на урнатиот Ербас А321

Во авионот Ербас А321 што утринава се урна во Египет, се наоѓале 224 државјани на Русија. Некои од патниците успеале да се фотографираат при качувањето во авионот.

Во авионот Ербас А321 што денес се урна во Египет, се наоѓале 224 државјани на Русија. Некои од патниците успеале да се фотографираат при качувањето во авионот, пишува „НТВ“.

На пример, една патничка објавила фотографија на која, судејќи според сѐ, се наоѓаат нејзиниот сопруг и детето. На страницата на жената е објавен статус: „Здраво Питер (Санкт Петербург), збогум Египет. Летаме дома“.  

Авионот A321 на авиокомпанијата „Когалимавиа“ се урна во близина на аеродромот на египетскиот град Ел Ариш в саботата наутро.

На местото на трагедијата почнаа да ги извлекуваат телата на загинатите. Претседателот на Русија Владимир Путин нареди да се испратат авиони на Министерството за вонредни ситуации на Русија. Министерството подготвува пет авиони.

Според првичните информации, авионот се урнал поради техничка неисправност.
До оваа верзија се придржува и египетската страна.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња