„Нашите две земји имаат спогодба за економска и стратешка соработка и ние ги почитуваме овие спогодби. Меѓу нас може да има некакви разидувања, но тие не можат да се сметаат за конфликт меѓу двете земји. На пример, ние можеме да не им дозволиме да го користат нашиот воздушен простор. Тие, од своја страна, мораат да ја почитуваат нашата одлука. Затоа Русија одбра други воздушни простори за реализација на своите планови“, рече Ердоган во програмата на телевизијата „Канал 24“, а пренесува РИА „Новости”.
Тој истакна дека му го соопштил своето несогласување со операцијата на руската авијација во Сирија на претседателот на РФ Владимир Путин, додавајќи дека преговорите за сириската криза на ниво на министри за надворешни работи на низа земји, вклучувајќи ги Русија и Турција, продолжуваат.
„Турција е во потрага по мир во Сирија. Но мир во Сирија со Асад не може да се постигне. Не можете да барате мир со човек кој предизвика смрт на 360 илјади луѓе. Таму мора да биде формирана преодна влада. Токму тоа е темата на сегашните разговори“, истакна турскиот лидер.
Според неговите зборови, борбата против меѓународниот тероризам ќе биде една од темите на агендата на самитот на лидерите на Г-20 кој ќе се одржи во Анталија во ноември.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче