Пакистан поддржуваше повеќе од 13 терористички групи чии членови дејствуваа против Индија и ги насочуваше Талибанците да се борат против Русија, изјави поранешниот претседател на Пакистан Первез Мушараф.
„Ние го подготвувавме талибанското движење и ги насочувавме неговите членови да се борат против Русија“,истакна тој. „Талибан, Хакани, Осама бин Ладен и Ал-Завахири тогаш беа нашите херои. Подоцна станаа лоши“.
Според неговите зборови, во 1979 година Пакистан почнал да ги поддржува „верските милитаристички елементи“ и терминот „верски милитаризам“ како таков се настанал во неговата земја.
Истовремено Мушараф призна дека сега тие борци „војуваат во Пакистан против својот народ и тоа треба да биде запрено“, пренесува ТАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче