Победата над „Исламската држава“ (ИД) е невозможна без успешна копнена операција на сириската армија, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков во интервјуто за програмата „Хард Ток“ на британската телевизија„Би-Би-Си“. Интервјуто беше прикажано во саботата, 24 октомври, пренесува „Лента.ру“.
„Нашата цел е во зајакнување на позициите на легитимната сириска армија, затоа што друг начин не постои“, изјави Песков. Воздушните операции нема да донесат успех без копнена операција, додаде тој. „И единствената суперсила која може да ја реализира таа копнена офанзивна операција против терористите е Сирија“, заклучи портпаролот на претседателот на РФ.
Тој предложи да се размисли за политичко решение во Сирија единствено по победата над терористите. „Во овој момент тоа е невозможно да се постигне“, рече Песков.
Притоа тој потенцираше дека судбината на Башар Асад може да ја реши само сирискиот народ. „Ниту Париз, ниту Лондон, ниту Вашингтон, ниту Москва немаат ни најмало право да зборуваат за тоа кој може да стане претседател на Сирија, а кој не“, истакна Песков.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче