Целта на САД во Сирија е претседателот Башар Асад да замине од власта, додека на Русија целта е борба против тероризмот и помош за Дамаск во овие напори, изјави рускиот лидер Владимир Путин на состанокот на групата „Валдај“ во Сочи, пренесува „Взгљад”.
„Целта на САД е да се ослободат од Асад. Веројатно е така. Наша цел е да го победиме тероризмот, да му помогнеме на претседателот Асад да го порази тероризмот и со тоа да створиме услови за почеток, и се надева, успешно спроведување и крај на политичкиот процес. Верувам дека тоа е единствениот правилен начин“, рече Путин.
Според неговите зборови, руските војници во Сирија ги штитат интересите и на сирискиот, и на рускиот народ, додавајќи дека се следи правилото „ако постои закана, неопходно е да се дејствува прв“.
„Уште пред 50 години ленинградските улици ме научија на правилото: ако постои закана – неопходно е да се биде прв“, истакна рускиот претседател, додавајќи дека „терористите, во суштина, ја мразат Русија“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче