МНР РФ: Картер достави мапа со позициите на ИД

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова потврди дека Русија добила мапи со позициите на ИД од страна на поранешниот претседател на САД Џими Картер.

„Можам да потврдам дека... оваа информација одговара на реалноста. Точно е, до руската страна се обрати Џими Картер со предлог да ни испрати мапи, составени од неговиот претседателски центар, на кои се наведени тековните позиции на спротивставените страни во Сирија, вклучувајќи ги позициите на владините сили, ИДИЛ и други групи“, рече Захарова на брифингот за новинарите.

Според неа, географските податоци што ги добило руското МНР не се тајни информации, „Поголемиот дел е објавен на сајтот на центарот“, изјави таа, пишува „Взгљад“.

„Картер центарот“ подоцна потврди дека информацијата за позициите на „Исламската држава“ што била доставена до Москва не е тајна, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња