Асад е подготвен да учествува на избори

На средбата со руските парламентарци претседателот на Сирија Башар Асад изјави дека е подготвен да земе учество на следните избори за шеф на државата доколку добие поддршка од сирискиот народ.

Претседателот на Сирија Башар Асад изјави на средбата со пратениците на РФ во Дамаск дека е подготвен да учествува на претседателските избори доколку биде поддржан од народот на Сирија, изјави телефонски за РИА „Новости“ во неделата членот на руската делегација, пратеникот во Државната дума од редовите на КПРФ Александар Јушченко.

„Асад рече дека ако сирискиот народ го смета тоа за потребно, тој нема против да земе учество на претседателските избори“, рече Јушченко по средбата со Асад.

Јушченко додаде дека, според зборовите на Асад, тој е подготвен да спроведе предвремени претседателски избори во секое време, доколку сирискиот народ смета дека тоа е потребно.

„Сите ние сме уверени во поддршката на Асад“, истакна пратеникот.

Парламентарната делегација на Русија пристигна во петокот во Сирија со цел да испорача хуманитарна пратка (лекови и храна за деца) за Врховниот муфтија на Сирија Ахмед Бадрудин Хасун, патриархот Антиохиски и на целиот Исток Јован Х Јазиџа, како и во училиштата каде учат деца на загинати сириски војници. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.