Новиот премиер на Канада најави конструктивна политика спрема Москва

Новиот канадски премиер Џастин Трудо соопшти дека односите со Русија ќе бидат „конструктивни“.

Лидерот на Либералната партија на Канада Џастин Трудо, кој победи на парламентарните избори во оваа земја, најави промени во политиката спрема Русија. Претседателот на канадската влада вети дека „во конструктивен клуч“ ќе ги застапува интересите на својата земја на меѓународната сцена.  

„Очекувам средби со голем број различни светски лидери и унапредување на интересите на Канада во конструктивен клуч. Вклучувајќи ги и односите со Москва“, изјави канадскиот лидер, пренесува „Комсомолска правда”.

Новиот премиер веќе исполни едно од своите ветувања. Тој денес изјави дека Отава ја запира својата воена мисија на Блискиот Исток против терористите на „Исламската држава“ 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња