Граѓаните кои се поврзуваат себеси со руската култура доживуваат угнетување во Украина, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, а пренесува „Взгљад”.
„Имаме 25 милиони луѓе надвор од Руската Федерација, оние кои се поврзуваат со руската култура, историјата на руското минато. За жал, поради нивната посветеност на руската култура, руската историја и традиција често се угнетувани, како што тоа се случи во соседството, во сестринската земја Украина, каде по државниот удар власта ја презедоа националистите кои почнаа офанзива против сѐ што е руски и така почна крвавиот судир“, изјави Лавров.
Шефот на руската дипломатија истакна дека е подготвен да разговара за сите напори кои Русија ги вложува „за никој од дијаспората и кој живее во странство да не доживува угнетување“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче